Еден турски полицаец загина, а 12 лица се повредени во судир на турско-сириската граница

Од:

Еден турски полицаец загина, а други 12 лица, меѓукои и еден војник, се повредени денеска при престрелка меѓу вооружени Сиријци и турски граничари во близина на турскиот граничен премин Акчакале.

Постојат различни информации за напаѓачите, кои биле или шверцери или сириски бунтовници.

Сириски опозициски активист истакна дека двајца бунтовници се убиени во судирите, но турски официјален претставник тврди дека Сиријците биле шверцери, а петмина од повредените се граничари.

Според различни извори, Сиријците запалиле караула, кабина за плаќање царина и автомобили.

Градоначалникот на Акчакале Абдулхаким Ајхан изјави дека околу 1.000 Сиријци се обиделе да влезат во Турција прекуграничниот премин без пасоши.

Откако биле одбиени тие започнале да фрлаат камења и да ги палат објектите. Турските граничари го изгаснале огнот и кога мислеле дека нападот завршил, започнале жестоки истрели од сириска страна. Турската армија веднаш испратила дополнителни воени сили во регионот.

Би можело да ве интересира

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Опозицијата во Истанбул со „Јутро је“ ја славеше победата на изборите

Горан Наумовски