Еден морнар загина, а уште еден е исчезнат во пожарот на рускиот носач на авиони

Од:

Еден морнар погина, додека втор се води како исчезнат во пожарот што изби на рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов, соопшти денеска прес службата на руската Северна флота

Потрагата по исчезнатиот морнар е во тек, се наведува во соопштението, пренесува Тасс.

Во соооштението се додава дека морнарот погинал при обидот да го изгасне пожарот.

Руските медиуми претходно јавија дека во пожарот се повредени 10 лица, од кои седум се наоѓаат на интензивна нега.

„Адмирал Кузњецов“ е единствениот руски носач на авиони, долг е 120 метри, а е користен во воената камапња на Русија во Сирија.

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија