Епидемијата од ебола предизвика штета од околу четири милијарди долари, пренесуваат агенциите.
Главниот економист од Светската банка за африканскиот континент Франсиско Фереира изјави дека тоа е значително помалку од претходната прогноза која изнесуваше околу 32 милијарди долари.
-Ризикот од најлошото сценарио во рамки на кој се проценуваат економските последици, е помал поради успешно сузбивање на вирусот во одредени држави. Тој ризик се уште не е намален на нулта ниво, бидејќи се уште е неопходен висок процент на подготвеност и фокус- наведе тој
Светската банка во извештајот од октомври предупреди дека ширењето на ебола надвор од државите во кои се појави, би ја чинело Африка повеќе десетици милијарди долари.
Според последниот извештај на Светската здравствена организација од 14-ти ноември, еболата до сега однела 5.177 животи, претежно во Гвинеја, Сијера Леоне и Либерија.
Е. Г.