Четврт век од падот на Берлинскиот ѕид ќе биде одбележано со симболично поставување 8.000 светлечки бели балони кои ќе покажуваат каде минувал ѕидот кој 29 години го делел градот на источен и западен дел.
Од 7 до 9 ноември балоните ќе бидат поставени во должина од 15 км. во рамки на проектот Граница на светлост (Licht grenze).
Дизајнирани се да евоцираат спомени на демонстрациите во Источна Германија пред падот на ѕидот кога илјадници луѓе носеле свеќи и мирно искажувале незадоволство.
Освен тоа поставувањето балони долж трасата на која бил ѕидот треба да биде силен симбол и показател на големината на проектот и поделеноста.