Џузепе Конте пред ЕП: Европа мора да ги слуша граѓаните

Од:

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте во обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур ја критикуваше „неспособност на ЕУ да најде решенија“ за миграциските и економските проблеми, но наиде и на доста „студен“ приемот од страна на европратениците, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Принуден да правда пред обвинувањата, помалку насочени кон неговата политика, отколку кон неговите двајца заменици Матео Салвини и Луиџи Ди Мајо, Конте ја осуди Европа дека „се оддалечува од граѓаните“ и одговори на нападите велејќи дека станува збор за недоразбирања.

Пред европратениците во дебатата за европската иднина, италијанскиот премиер ја изнесе и својата визија за Европа, која според него е „на крстопат”, додека „граѓаните бараат да бидат слушанати“.

Според него, сега или никогаш европските лидери имаат можност да го променат незадоволството на граѓаните, кое ако продолжи да се потхранува, може да доведе до „имплозија на европскиот проект“. Конте оцени дека предуслов за заживување на европскиот проект е „солидарноста и кохезијата помеѓу земјите членки“ на ЕУ.

Меѓу предизвиците за заживување на процесот на европска интеграција, Конте ја истакна потребата од заедничко место за ЕУ ​​во Советот за безбедност на ОН, консолидација на односите со САД, воспоставување одржлив дијалог со Русија и Кина, како и создавање вистинска заедничка европска одбрана.

Конте ја истакна и потребата за стабилно решение за управување со миграциските текови, засновано на вистинска солидарност меѓу земјите-членки. Тој, исто така, повика на нов пристап кон проблемите на Африка, преку рамноправно партнерство.

Говорејќи за еконосмките прашање, Конте истакна дека надминување на штедењето значи „постигнување на рамнотежа меѓу растот и стабилноста“ и поголема посветеност на социјалната солидарност и одржливиот развој. Тој, при тоа, повика на поголеми инвестиции за младите, образованието и иновациите и давање приоритет на политиката за вработување и создавање алатки за раст.

Европратениците од повеќето политички групи го критикуваа малиот економски раст на Италија или ја обвинија земјата дека не се реформира и ги доведе во прашање постигнатите договори, како оној за завршување на железничката пруга Лион-Торино. Тие му забелажаа на Конте и за поддршката на Рим на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, како и дека да спроведува „цинична“ политика кон мигрантите.

Запрашан за дипломатската криза со Франција, по средбата на Ди Мајо и со претставници на француските „жолтите елеци“, при што тој им изрази поддршка, Конте одговори дека го смета случајот за „смешен“, додавајќи дека неговиот заменик учествувал на разговорите како „партиски лидер, а не како министер“.

Независниот Конте, кој беше именуван на чело на италијанската Влада на 1 јуни минатата година благодарение на компромисот меѓу неговите двајца заменици и претседателот на Италија, реагираше и на квалификациите на еден европратеник дека е „марионета“.

„Не се чувствувам како марионета. Горд сум што го претставувам италијанскиот народ“, истакна Конте.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

МНР: Реагиравме до Европскиот парламент и грешкта е коригирана

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов