Џорџа Мелони официјално побара од претседателот на Италија мандат за формирање влада

Од:

Претседателката на „Браќата на Италија“, Џорџа Мелони, изјави денеска во Рим дека таа и нејзините сојузници од десницата побарале од италијанскиот претседател Серџо Матарела да и го довери мандатот за формирање влада.

Мелони, заедно со нејзините десничарски сојузници, лидерот на „Лига“ Матео Салвини и претседателот на партијата „Напред Италија“, Силвио Берлускони имаа десетминутна средба со претседателот Матарела.

По средбата, Мелони им рече на новинарите дека десничарската коалиција едногласно му посочиле на претседателот дека таа заслужува мандат за формирање влада.

„Му посочивме дека треба да добијам мандат за формирање нова влада. Подготвени сме и сакаме работите да се развијат што е можно поскоро“, изјави Мелони.

Берлускони и Салвини, кои молчеа за време на краткото обраќање на Мелони пред новинарите, важат за поддржувачи на рускиот лидер Владимир Путин. Мелони, од друга страна, силно ја поддржува Украина во нејзиниот отпор кон руската инвазија што може да влијае на стабилноста на владејачката коалиција.

Од кабинетот на Матарела е навестено дека одлуката за доделување мандат би можела да биде соопштена подоцна во текот на денов.

Доколку 45-годишната Мелони успее да формира влада, таа ќе стане првата жена премиер на Италија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум

Девојче од Србија е дрогирано и силувано во Рим

Еден од македонските туристи повредени во сообраќајката во Италија ќе биде опериран, другите се пуштени дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: Возачот на автобусот починал, а 12 македонски туристи се повредени

Орце Костов

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италијанската полиција уапси 55 мафијаши