Џонсон: Усвојувањето на законот за Хонгконг ќе ја наруши нејзината автономија

Од:

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека усвојувањето на законот за безбедност во Хонгконг од страна на Кина го нарушил високиот степен на автономија на Хонгконг и претставува закана за слободите и правата заштитени со Заедничката декларација од 1984 година.

– Усвојувањето и наметнувањето на овој закон за национална безбедност е јасно и сериозно кршење на кинеско-британската заедничка декларација, изјави Џонсон во Парламентот.

Според него, тој закон го крши високиот степен на автономија на Хонгконг и е во директен конфликт со основниот закон на Хонгконг.

Тој изјави дека, доколку Кина продолжи по овој пат, Велика Британија ќе им овозможи на оние што имаат британски прекуморски статус да живеат и работат во Велика Британија, а подоцна да аплицираат за државјанство.

Би можело да ве интересира

Британскиот премиер Борис Џонсон стравува од можна независност на Шкотска

Тајван: Кина сака да го претвори островот во „иден Хонг Конг“

А1он

Џонсон: Британија ќе биде многу послаба ако се раскине унијата

А1он

Хонг Конг ги одлага изборите поради коронавирусот

А1он

Британскиот премиер ги предупреди граѓаните: Не смееме да се залажуваме дека пандемијата е завршена

А1он

Во Хонг Конг дисквалификувани 12 кандидати на опозицијата

Ана Ололовска