Џонсон со апел до пратениците да го прифатат договорот за Брегзит

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа упати апел до пратениците во текот на неделата да го одобрат договорот за Брегзит, истакнувајќи дека ниту тој ниту Европска Унија ниту јавноста не сакаат ново одложување на излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

– Јавноста не сака повеќе одложување, ниту европските лидери ниту јас. Завршуваме со Брегзит на 31 октомври и продолжуваме понатаму, посочи Џонсон.

Тој повтори дека новиот договор обезбедува рамка за нов однос заснован врз слободна трговија и пријателска соработка.

– Излегуваме од ЕУ, но секогаш ќе бидеме Европејци, истакна Џонсон.

Претходно претседателот на британскиот Долен дом, Џон Беркоу го отфрли владиното барање пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за Брегзит што го постигна Џонсон со ЕУ.

Британскиот Парламент во саботата усвои амандман со кој се спречува ратификувањето на договорот за Брегзит пред да се усвојат законите потребни за негово спроведување.

Британските пратеници денеска треба да се изјаснат за договорот за Брегзит.

Џонсон се надева дека законот ќе биде усвоен во парламентот пред 31 октомври, кога Велика Британија треба да ја напушти ЕУ.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он