Џонсон: Растот на бројката на заразени со Ковид-19 предизвикува сериозна, сериозна загриженост

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека зголемената бројка на заразени и хоспитализирани со Ковид-19 е предмет на „сериозна, сериозна загриженост“, додавајќи дека сега е помалку оптимистичен за отворањето на земјата отколку во мај.

-Јасно е дека индиската варијанта е позаразна и исто така е точно дека бројките растат и дека нивото на хоспитализации расте, рече британскиот премиер за „Скај Њуз“.

„Во моментов не знаеме точно до кој степен тоа ќе доведе до смртни случаи, но јасно е дека е тоа е предмет на сериозна, сериозна загриженост“, рече Џонсон.

Се очекува во понеделник Џонсон да се изјасни дали планираното укинување на ограничувањата ќе се случи на 21 јуни или се поголемиот број случаи ќе го принудат да го одложи отворањето.

Главниот британски службеник за вакцинација против Ковид-19, Надим Захав, за Радио Тајмс вчера изјави дека “мора да бидеме многу внимателни. Имавме многу големо отворање на 17 мај кога луѓето можеа да остварат средби со пријателите на затворено, во ресторан, во паб, и да се дружат“.

-И мислам дека е важно за време на викендот да ги разгледаме податоците многу внимателно и тогаш тоа да и го кажеме на нацијата, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он