Џонсон: Путин да беше жена, немаше да ја нападне Украина

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин немаше да ја нападне Украина, доколку беше жена, смета британскиот премиер Борис Џонсон.

Според него, лудата, мачо инвазија на Украина, е совршен пример за токсичната машкост, па премиерот повика на повеќе жени на моќни позиции.

Џонсон се осврна на ова по Самитот на Г7, во интервју за германската телевизија ЗДФ.

– Да е Путин жена, што очигледно не е, но, да беше, навистина мислам дека не би се впуштил во луда, мачо војна за инвазија на Украина и насилство на начин на каков што тој го направи тоа. Доколку сакате совршен пример за токсична машкост, тоа е тоа што тој го прави во Украина, подвлече Џонсон.

Тој истакна дека иако лидерите на Г7 очајнички сакаат да заврши војната во Украина, моментално не постои договор за тоа.

Западот мора да ја поддржи украинската воена стратегија, истакна премиерот, со цел претседателот Володимир Зеленски да се доведе до најдобра можна позиција во преговорите со Русија, кога ќе дојде до тоа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Додик отпатува за Русија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина