Џонсон: Правиме се што е во наша моќ за народот на Авганистан

Од:

Велика Британија соработува со агенциите на ОН и други со цел да направи се што е во нивна моќ за да им помогне на народот во Авганистан, но не може да им се напише „бланко чек“ на талибанците, изјави денеска премиерот Борис Џонсон.

– Мораме да направиме се што е во наша моќ за да ги ублажиме последиците од преземањето на Авганистан од страна на талибанците, рече премиерот Џонсон во Парламентот на прашањето за хуманитарната криза во Авганистан. Џонсон рече дека „оваа година ја удвоиле обврската да помогнат“, а она што во моментов не можат да го направат е да напишат „бланко чек“ на талибанските власти.

-Мораме да се погрижиме земјата да не се лизне назад во земја погодна за тероризам, рече премиерот Џонсон.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он