Џонсон: Односите меѓу Британија и Франција се стабилни и силни

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска изјави дека односите меѓу Лондон и Париз се стабилни и силни, нагласувајќи дека новиот одбранбен сојуз на Велика Британија со Австралија и САД не е насочен против ниту една друга земја.

Франција гневно реагираше на вчерашната вест за ново стратешко партнерство меѓу трите земји, наречено АУКУС, што ќе и овозможи на Австралија да купи американски подморници со нуклеарен погон и да го раскине договорот за подморници со Париз вреден 40 милијарди долари.

– Тоа навистина е нож во грбот, коментираше францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ив Ле Дриан во врска со тој договор за радио Франс инфо.

Во денешното обраќање пред Парламентот, Џонсон нагласи дека односите меѓу Британија и Франција, особено во воената сфера, се стабилни и силни.

– Нашите односи со Франција, нашите воени односи се силни. Ние стоиме рамо до рамо со Французите, дали во Сахел, каде што спроведуваме заедничка операција против терористите во Мали, или во Естонија, каде што моментно ја имаме најголемата операција на НАТО, истакна британскиот премиер.

Договорот АУКУС, исто така, предизвика незадоволство во Кина, која порача дека тој сериозно ќе наштети на мирот и стабилноста во регионот, а Џонсон во своето обраќање пред Парламентот истакна дека е важно да се разбере дека АУКУС не претендира да се спротивстави на која било друга сила, туку само ги одразува блиските односи на Велика Британија со САД и Австралија.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано

Во Франција засилени безбедносни сили пред сите католички и протестантски цркви за време на Велигден