Џонсон критикуван дека ги споредува Украинците со поддржувачите на Брегзит

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон беше жестоко критикуван, вклучително и во неговите конзервативни кругови, за споредување на борбата на Украинците против руската инвазија со Британците кои гласаа за Брегзит затоа што „ја избраа слободата“.

Во говорот вчера на конгресот на Конзервативната партија во Блекпул, на северот на Англија, Џонсон рече: „Инстинктот на луѓето во оваа земја, како и на украинскиот народ, е да ја изберат слободата“.

Тој го наведе референдумот за Брегзит во јуни 2016 година како „неодамнешен познат пример“.

„Кога Британците гласаа за Брегзит, во толку голем број, не мислам дека тоа беше затоа што беа непријателски настроени кон странците. Тие гласаа затоа што сакаа да бидат слободни да дејствуваат поинаку и дека оваа земја може сама да управува“, рече тој.

Ова предизвика силни критики.

Поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск на Твитер напиша дека изјавата ги „навредува Украинците, Британците и здравиот разум“.

Поранешниот европски преговарач Ги Верхофштад рече дека споредбата е „луда“ и рече дека „Украинците сакаат повеќе слобода и влез во ЕУ“.

Реагираше и француската дипломатија. „Да бев Украинец, ќе бев навреден. Да бев Британец, ќе се срамев. Како француски дипломат, нема да коментирам на Твитер“, изјави Филип Ерера, генерален директор за политички прашања и безбедност во француското Министерство за надворешни работи.

Коментирајќи на Твитер, ретвитуван од француската амбасадорка во Велика Британија Кетрин Колона, конзервативниот пратеник Тобијас Елвуд рече: „Ако сакаме да го победиме Путин, ни треба „лидерство“ и меѓународно единство“.

„Споредувањето на борбата на украинскиот народ против тиранијата на Путин со британскиот народ кој гласаше за Брегзит му штети на нивото на политичко „лидерство“ што почнавме да го покажуваме“, рече тој.

Британскиот министер за финансии Риши Сунак изјави за Скај Њуз дека смета дека двете ситуации не можат да се споредат.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ