Џонсон: Ќе бидеме подготвени за напуштање на ЕУ со или без договор

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ги повика Германија и Франција да направат компромис за брегзит, нагласувајќи дека неговата земја ако има потреба, ќе биде целосно подготвена да ја напушти ЕУ без договор на 31 октомври.

-Ние ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври – со или без договор. Секако, нашите пријатели и партнери од другата страна на Каналот не покажуваат доволно волја да го променат својот став и тоа е добро, сигурен сум дека ќе го сторат тоа, рече Џонсон.

По повод посетата на Берлин и Париз оваа недела, Џонсон рече дека очекува компромис за „бекстоп“, одредба според која нема да има „тврда“ граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор