Џонсон ја повика ЕУ да се изјасни за британскиот предлог за брегзит

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ја повика Европската унија детално да го изнесе својот став за неговиот план за брегзит, изјавувајќи дека тој веќе направил „голем компромис“ за постигнување нов договор.

Во текот на посетатат на една лондонска болница Џонсон рече дека Велика Британија изнесе многу великодушна, фер и логична понуда, пренесоа британските медиуми.

– Сега сакаме да слушнме од вас (Европската унија) што мислите за тоа. Доколку имате проблем со некој предлог што го дадовме, ајде тогаш детално да разговараме за тоа, рече Џонсон.

Британскиот премиер се запраша и кои се забелешките и сугестиите на ЕУ на неговиот предлог и наведе дека се уште од Брисел не слушнал што мисли за тоа кои се проблемите.

Би можело да ве интересира

Ќе плаќаме помали сметки – Од денеска се намалуваат цените за интернет во роаминг со земјите од ЕУ

СДСМ: Членство во ЕУ за подобар животен стандард, наместо изолација

Шаленберг: ЕУ пред 20 години му вети членство на Западен Балкан, не смее Украина да влезе преку ред

Мишел: Ако ЕУ не постави цел, никогаш нема да сме подготвени за прием на нови членки

Ковачевски: Ако ги донесеме одлуките ќе бидеме првата земја којашто ќе стане членка на ЕУ во 2030

Премиерот и министрите на трибини ќе убедуваат колку е убаво во ЕУ: Почнува кампањата од 80.000 евра

Орце Костов