Џонсон: Израел и Палестинците да го прекинат насилството

Од:

Велика Британија е загрижена поради ескалацијата на насилството и цивилните жртви во судирите меѓу Израел и Палестинците, а премиерот Борис Џонсон ги повика денеска двете страни да ги намалат тензиите и да покажат воздржаност од натамошни судири.

– Британија е длабоко загрижена поради зголеменото насилство и цивилните жртви и бараме итно намалување на тензиите, напиша Џонсон на Твитер.

Непријателството меѓу Израел и движењето Хамас ескалираше и денеска, со најмалку 35 убиени во Појасот Газа и петмина во Израел, во досега најинтензивните борби во последните неколку години.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски