Џонсон и Трамп сакаат координиран одговор на коронавирусот

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и американскиот претседател Доналд Трамп се согласија дека е потребен координиран меѓународен одговор на пандемијата на новиот коронавирус, вклучително и по линија на Г-7, соопшти кабинетот на Џонсон.

Двајцата лидери во телефонскиот разговор дискутирале и за трговските односи.

– Лидерите се ангажираа дека ќе продолжат да работат заедно за зајакнување на билатералните односи, вклучително и со потпишување договор за слободна трговија што е можно поскоро, соопшти Даунинг стрит.

Според соопштение на Белата куќа, Џонсон му кажал на Трамп дека се чувствува подобро и оти закрепнува откако беше во болница поради инфекција со коронавирусот.

Трамп и Џонсон „ја потврдија тесната соработка во Г7 и Г20 за отворање на светските економии и гарантирање дека оние кои имаат потреба ќе ја добијат потребната медицинска нега и производи“, се вели во соопштението на Белата куќа

Би можело да ве интересира

Белата куќа се противи на палестинската државност

Судењето на Трамп продолжи, една поротничка се откажа: „Се чувствувам заплашено“

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

Шест поротници се избрани за судењето на Доналд Трамп

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат