Џонсон и Фон дер Лајен утре во Брисел ќе бараат решение за ребусот Брегзит

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ќе се сретнат утре во Брисел, со цел да се обидат да ги решат прашањата кои ги кочат трговските преговори за Брегзит, соопшти британската Влада.

Џонсон утре ќе допатува во Брисел на вечера со Фон дер Лајен, каде ќе продолжат разговорите за идниот однос меѓу Велика Британија и ЕУ.

– Со нетрпение очекувам да го пречекам британскиот премиер Борис Џонсон утревечер, напиша претседателката на Европската комисија на Твитер.

Европската комисија соопшти денеска дека преговорите за идните односи меѓу Лондон и Брисел би можеле да продолжат и по крајот на годинава, кога завршува преодниот период за Брегзит.

– Ако не биде постигнат договор до 1 јануари, значи ќе се најдеме во ситуација без договор. Тоа не ја исклучува можноста за преговори, од наша страна, и не исклучува можност да го проодлжиме дијалогот врз основа на мандатот кој ни е даден, истакна портпарол на ЕК.

Од друга страна, Џонсон денеска нагласи дека можеби се приближува моментот кога Британија треба да ги прекине преговорите за трговија со ЕУ по Брегзит.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Длабоко сум вознемирен од сликите од Газа

Урсула фон дер Лајен: Со руски пари да се купи оружје за Украина

Горан Наумовски

Урсула фон дер Лајен ја објави својата кандидатура за втор мандат на чело на ЕК

Фон дер Лајен: ЕУ ја потврдува посветеноста на иднина во која сите шест земји од Западниот Балкан ќе бидат нејзини членки

ВИДЕО: Урсула фон дер Лајен пристигна во Киев со важна порака за Зеленски

Катерина Ѓуровски