„Џонсон и Џонсон“ верува во својата вакцина и очекува решение со регулаторите

Од:

Компанијата Џонсон и Џонсон има „целосна доверба“ во својата вакцина против Ковид-19 и се надева дека „многу брзо“ ќе се најде решение со регулаторите за нејзина употреба, бидејќи вакцинацијата е суспендирана во Европа и САД поради ретката појава на сериозни случаи на згрутчување на крвта, изјави денеска финансискиот директор Џозеф Волк.

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска треба да соопшти мислење за вакцината на Џонсон и Џонсон, додека медицинскиот советник во Белата куќа Ентони Фаучи во неделата изјави дека одлуката на САД треба да биде објавена до петок.

– Се уште сме многу сигурни и се надеваме дека рамнотежата меѓу придобивките и ризиците ќе оди во наша полза, изјави Фолк во интервју за американската телевизија Си Ен Би Си.

Тој додаде дека „тие работат со регулаторите за да се гарантира дека ги имаат сите информации потребни за донесување одлуки“.

– Очекуваме да добиеме одлука од Европа и ФДА (Американска агенција за лекови) многу брзо, можеби на крајот на оваа недела, за да можеме да продолжиме понатаму, нагласи Волк. гт/

2021-04-20 15:51:40, од Габриела Точко

Би можело да ве интересира

Во почетокот на октомври европскиот регулатор одлучува за трета доза вакцина против Ковид-19

Ана Ололовска

Сиромашните земји ги обвинија богатите за нерамномерна распределба на вакцините

Ана Ололовска

Во Грција на факултет само со сертификат за вакцина или негативен тест на сопствен трошок

Комисија на ФДА препорача трета доза вакцина за постари лица и изложени на ризик

Мери Јордановска

МЗ: Во средата и во текот на вчерашниот ден, аплицирани се вкупно 22.581 вакцини

А1он

Владата на Зимбабве им порача на државните службеници: Нема вакцина, нема плата

А1он