„Џонсон и Џонсон“ плаќа 100 милиони долари обесштетување по жалбите дека бебешка пудра предизвикува рак

Од:

Компанијата „Џонсон и Џонсон“ ќе плати обесштетување во висина од 100 милиони долари по тужби од потрошувачи кои тврдат дека бебешката пудра на таа компанија наводно предизвикува рак, објави Блумберг. Извештајот се повикува на извори со пристап до договорите за обесштетување.

Компанијата е соочена со 19.000 тужби од потрошувачи и роднини на преживеани со тврдење дека нејзините производи со пудра предизвикувале рак поради тоа што содржеле азбест.

Компанијата, која произведува лекови и средства за хигиена, тврди дека нејзината пудра е безбедна за употреба, не содржи азбест и не предизвикува рак.

-Во некои околности ние посегаме по разрешување на тужбите без признавање на одговорноста и тоа во никој случај не го менува нашиот став во однос на безбедната употреба на нашите прозиводи, изјави компанијата.

„Џонсон и Џонсон“ во мај соопштија дека ќе престанат да ги продаваат своите производи со бебешка пудра во САД и Канада по намалената потрошувачка, откако во земјите се создала „лажна информација“ за безбедноста на производот, а наспроти низа правни предизвици.

Агенцијата Ројтерс во 2018 година спроведе новинарско истражување од кое се дознава дека компанијата знаела со децении дека во пудрата што ја произведува има мало количество азбест. Оттогаш, „Џонсон и Џонсон“ е под лупа на јавноста, а истражувањето охрабри илјадници луѓе да ја тужат компанијата.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он