Џонсон: ЕУ е „малку негативна“, но договор за бекстоп е можен

Од:

Европската унија се постави „малку негативно“ кон шансите за постигнување договор за Брегзит, но тој е уште „можен“, рече британскиот премиер Борис Џонсон.

ЕУ претходно го одби барањето на Џонсон за повторно отворање на договорот за Брегзит, изјавувајќи дека Велика Британија не предложила ниту една реална алтернатива за „бекстоп“, договорено со решението за ирската граница.

-Во моментов е апсолутно точно дека нашите пријатели и партнери се малку негативни…но мислам дека ќе постигнеме договор. Јас мислам дека сега е разумно нешто да се стори со бекстоп, рече Џонсон пред новинарите, пренесоа британските медиуми.

Џонсон мисли дека сега постои голема шанса, во текот на курсот на преговори за спогодбата за слободна трговија, што ќе се случи по 31 октомври, да се раздвижат сите начини на кои трговијата може да се одржува без проблеми на границата со Северна Ирска.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он