Џонсон би можел да биде сменет доколку одбие да го одложи Брегзит

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон би можел да биде сменет од власт доколку се обиде да ја изнесе Велика Британија од ЕУ без договор.

Така барем планираат опозициските лидери, пишува американскиот весник Бизнис инсајдер.

Премиерот инсистира дека не сака повторно одложување на Брегзит, иако пратениците минатата недела усвоија закони, кои ќе го натераат да побара тримесечно продолжување од ЕУ.

Портпарол на Џонсон изјави денеска дека „Владата нема да бара ново одложување“.

Парламентарката Лиз Севил Робертс истакна дека Парламентот би можел да ја искористи процедурата за менување на премиерот доколку Џонсон продолжи да одбива продолжување на рокот за Брегзит.

– Никој не е над законот, а Борис Џонсон не смее да ризикува тоа да да му се случи на потежок начин, нагласи таа.

Ваквата закана следува откако поранешниот директор на јавното обвинителство Лорд МекДоналд истакна дека Џонсон би можел да биде испратен в затвор доколку одбива да го почитува законот. Тој додаде дека евентуално одбивање на почитување закон е криминално дело и следува затворска казна.

– Такво одбивање би значело непочитување на судот, а тоа е нешто за кое се оди в затвор, потенцира Лорд МекДоналд.

Во Велика Британија ниту еден премиер никогаш не бил сменет. Меѓутоа, според процедурата, која последен пат е користена во 1806 годдина, на кој било член на Парламентот може да му судат неговите колеги за „големи кривични дела и прекршоци, кои се надвор од законот или кои ниту еден друг орган во државата нема да ги процесуира“.

Џонсон наводно им порачал на колегите дека нема да го прекрши законот. Меѓутоа, британскиот министер за надворешни работи Доминик Рааб вчера изјави дека Владата планира да го „тестира“ законот до крајни граници.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он