Џонсон бара од Корбин да поддржи избори на 12 декември

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон му испрати писмо на лидерот на опозициските лабуристи Џереми Корбин, во кое од него бара да ги поддржи изборите на 12 декември и му нуди можност да го ратификува владиниот договор за Брегзит пред изборите.

Џонсон во писмото наведува дека Парламентот сè уште може да го усвои договорот за излез на Велика Британија од ЕУ доколку го поддржи планот на Владата за предвремени избори.

Тој истакна дека е „крајно скептичен“ дека Парламентот ќе престане да гласа за одложување на Брегзит, но подготвен е на пратениците да им понуди повеќе време да го ратификуваат договорот за Брегзит.

– Ако се посветите на гласање за избори следната недела (во случај ЕУ да понуди одложување до 31 јануари и Владата да го прифати, како што поради Парламентот е и правно приморана да го направи) тогаш ние постојано ќе бидеме на располагање од денеска до 6 ноември за да се разговара за предлог договорот за повлекување и да се гласа за него, се вели во писмото што го објави Џонсон на „Твитер“.

Тој додаде дека тоа значи дека Брегзит би можел да се спроведе пред изборите на 12 декември ако пратениците изберат да го направат тоа.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он