Џонсон: Ако станам премиер ќе нема одлагање на Брегзит по 31 октомври

Од:

Поранешниот шеф на британската дипломатија и фаворит за нов премиер Борис Џонсон денеска изјави дека ако тој ја преземе премиерската функција од Тереза Меј, Велика Британија ќе ја напушти ЕУ на 31 октомври, оценувајќи дека ново одлагање на Брегзит ќе значи пораз.

– По три години и два пропуштени рока (за Брегзит), мораме да си заминеме од ЕУ на 31 октомври. Јас на тежнеам кон истапување без договор. Не мислам дека ќе завршиме така, но единствено одговорно однесување е енергично и сериозно да се подготвуваме дека ќе нема договор, изјави Џонсон на официјалниот старт на неговата кампања за нов лидер на Конзервативната партија.

Џонсон, кој беше предводник на кампањата за истапување на Велика Британија од ЕУ на референдумот во 2016 година, изрази пофални зборови за јачината на британската економија и вети дека ќе го спроведе Брегзит на 31 октомври и ќе се бори против очајот, кој како што рече, е присутен ширум земјата.

По неуспехот да обезбеди поддршка во Парламентот за договорот за Брегзит што нејзината Влада и Брисел го постигнаа лани во ноември, британската премиерка Меј минатата недела поднесе оставка на местото лидер на владејачката Конзервативна партија. Согласно британската политичка традиција, лидерот на владејачката партија ја презема и премиерската функција, па по изборот на нов прв човек на конзервативците, се очекува тој да ја наследи Меј и на местото премиер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во Саутемптон, клубот го одложи вечерашниот натпревар

Во Норфолк: Четиричлено семејство пронајдено мртво, таткото и мајката се прободени во вратот

Горан Наумовски

Обилниот снег на северот на Англија предизвика сообраќаен колапс и прекин на електричната енергија

Горан Наумовски

Во Манчестер: Полицијата и пожарникарите опколија авион поради закана за бомба

Горан Наумовски

Медицинската сестра која уби седум бебиња во Британија осудена на доживотен затвор

Горан Наумовски

Англиски насилник брутално претепа жена, косата на жртвата и беше црвена од крв