Џон Мејџор: Шансите Велика Британија да остане во ЕУ се 50-50

Од:

Поранешниот британски премиер Џон Мејџор во Берлин изјави дека шансите Велика Британија да остане членка на ЕУ се 50-50.

Според Мејџор, „малечкиот британски остров не може да ги апсорбира сегашните и планираните бројки од имигранти од земјите на ЕУ“. Тој смета дека тоа не е ниту физички, ниту политички можно, без соочување со „значително јавно незадоволство“.

Во Берлин, Мејџор зборуваше пред членовите на фондацијата „Конрад Аденауер„ нагласувајќи дека противењето на ваквите состојби во британската јавност веќе ја достигнала критичната маса, па затоа сега веќе е сосема реална опасноста од заминувањето на Велика Британија од Унијата.

– Британската фрустрација (од ЕУ) не е никаква игра, па затоа европските функционери треба да ја прифатат реалната загриженост на Британците околу имиграцијата, рече Мејџор во предавањето под наслов „Обединетото Кралство и ЕУ – останување или заминување“.

Поранешниот конзервативен британски премиер, кој додека беше во „Даунинг стрит“ 10 во перидот меѓу 1990 и 1997 година, важеше за проевропски определен, сега открива дека во Англија каде живеат 85 отсто од Британците, отпорот кон ЕУ постојано расте. Мејџор предупредува дека тој веќе ја достигнува критичната точка, а тоа значи дека гласачите, кои во овој дел од Велика Британија се повеќето проконзервативно определени, би можеле да гласаат за напуштање на Унијата по повеќе од 40 години членство.

Официјален Берлин е близу до британските позиции околу блокирање на социјалните бенефиции за европските имигранти, но се противи на заложбите на премиерот Дејвид Камерон за квоти и ограничување на движењето на работната сила од земјите на ЕУ.

Џон Мејџор во своето предавање ги уверуваше Германците дека Велика Британија не е против слободата во движењето, но оценува дека додека притисокот од имигарнтите е висок, треба да се определат одредени квалификативи.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ