Џо Бајден: Трамп е првиот претседател на САД кој е расист

Од:

По смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд, прашањето за расната сегрегација зазеде централно место во кампањата за претседателските избори во САД. Кандидатите Џо Бајден и Доналд Трамп меѓусебно се обвинуваат дека прават премногу малку, или сосема погрешно, за оваа чувствителна тема која многумина сметаат дека ќе повлече големи поени на изборите во ноември.

Демократскиот кандидат Бајден тврди дека неговиот опоненет и актуелен претседател Доналд Трамп е првиот расист што ја освоил највисоката функција во државата.

„Ниту еден републикански претседател не сторил нешто расистичко. Во историјата, имавме расисти и тие постоеја, но само тој стана претседател”, рече поранешниот потпретседател, а сегашен противкандидат на Трамп, Џо Бајден.

Катрина Пирсон, советник во кампањата на Трамп, возврати велејќи дека „никој не треба да ги следи предавањата за расната правда од човек како што е Бајден“.

Критичарите за поранешниот потпретседател на САД велат дека тврдењата негови се во спротивност со историјата и мотивот на демонстрантите за барање на расна правда, кои патем повикуваат на отстранување на наследството поврзано со расизмот, ропството и колонијализмот.

Тие наведуваат дека вкупно 12 поранешни американски претседатели поседувале робови, вклучувајќи и осуммина кои го сториле тоа додека биле на должност. Меѓу нив, е првиот претседател на нацијата Џорџ Вашингтон и главниот автор на Декларацијата за независност, Томас Џеферсон.

Темата за расната правда во државата излезе на пиедестал на овогодинешната кампања за претседателските избори во САД, при што Бајден, посакуваниот кандидат за претседател од демократите, вети дека ќе обрати внимание на институционалниот расизам во првите 100 дена од мандатот доколку биде избран од електоратот.

Од друга страна, Доналд Трамп, кој подолго време се соочува со обвинувања за расизам од левицата, инсистира на тоа дека тој направил повеќе за нив отколку Бајден. Актуелниот „шеф на Белата куќа“ изрази пофалби за новата реформа за намалување на невработеноста кај афроамериканската заедница и додаде дека Афроамериканците ги препознаваат неговите заложби за подобрување на животниот стандард на секој Американец.

Би можело да ве интересира

Бајден: Само еден претседателски кандидат е ментално неспособен, тоа не сум јас

Катерина Ѓуровски

Ќе ги ослободам напаѓачите на Капитол и ќе ја затворам границата најави Трамп

Катерина Ѓуровски

„Нема подобар и попаметен„ – Трамп го испофали премиерот на Унгарија: Орбан е фантастичен лидер

Катерина Ѓуровски

Ники Хејли се откажа од претседателската трка, Трамп сигурно ќе биде кандидат

ВИДЕО: Бајден и Трамп слават по „Супер вторник“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Трамп и Бајден мешаат држави, грешат имиња: Најстарите кандидати во историјата ќе водат битка за САД