Џо Бајден ја коментираше состојбата во САД и даде предизборно ветување

Од:

Поранешниот потпретседател на САД, а сега кандидат за претседател на следните претседателски избори, Џо Бајден излезе со критики кон сегашниот претседател на САД, Доналд Трамп околу последните случувања во државата.

„Тешко е да се верува дека ова мора да се каже, но за разлика од овој претседател, јас ќе ја вршам мојата работа и ќе ја преземам својата одговорност. Јас нема да ги обвинувам другите. И никогаш нема да заборавам дека мојата работа не се однесува за мене – туку за вас“, соопшти кандидатот за претседател номиниран од Демократската партија на САД.

Тој за сегашната ситуација во САД рече дека нацијата е во болка, но дека народот не смее да дозволи таа болка да ги уништи Американците.

„Ние сме нација разбеснета, но не можеме да дозволиме нашиот бес да нè потроши. Ве молам останете безбедни, внимавајте едни на други“, кажа Бајден.

Претседателските избори во САД треба да се одржат на 3 ноември оваа година.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Бајден: Канибалите го изедоа вујко ми

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов гаф на Бајден: И се заблагодари на „Чехословачка“