Џо Бајден: Доколку Трамп биде реизбран, НАТО ќе престане да постои

Од:

Кандидатот за американски претседател од Демократската партија и поранешен потпретседател, Џо Бајден, смета дека доколку Доналд Трамп биде реизбран на изборите следната година, НАТО ќе престане да постои.

-Доколку тој (Трамп) повторно биде избран, ви ветувам дека нема да има НАТО… Ќе имаме вистински проблеми, рече Бајден за време на дебатата меѓу демократските кандидати за иден американски претседател, јавија агенциите.

Поранешниот потпретседател уште забелжа дека Трамп ја критикува Алијансата и истовремено позитивно зборува за својот руски колега Владимир Путин. Во оваа врска тој ги брани своите претходни одлуки за влегувањето на американските сили во Сирија, Авганистан и Ирак за борбата со ИД.

Демократите во Конгресот почнаа процес на отповикување на Трамп, осомничувајќи дека за лични политички цели извршил притисок врз украинското раководство да отвори истрага за Хантер Бајден, кој работел за енергетската компанија „Бурисма“. Неговиот татко, Џо Бајден е кандидат на Демократичката партија за претседателските избори во 2020 година.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата