Екстремистите од ИД го уништија Тетрапилонот – еден од најголемите споменици во древна Палмира, како и фасадата на Римскиот театар, јавија денеска сириските медиуми.
Се уште нема информации за детелите како и кога се уништени спомениците.
Џихадистите од ИД минатата година уништија неколку древни храмови во Палмира.
Тетрапилон е платформа што се наоѓа на четири столбови од кои е сочуван само еден изворен од египетски гранит.