Џек Ма официјално се пензионира

Од:

Милијардерот Џек Ма, кој воведе електронска трговија во Кина, денеска официјално се повлекува од местото извршен претседател на Алибаба.

Тој заминува од функцијата по две децении и откако создаде бизнис вреден 460 милијарди долари. Ма претходно најави дека ќе се посвети на филантропијата, а на местото извршен претседател ќе го замени досегашниот извршен директор на Алибаба, Данијел Чанг.

Заминувањето во пензија Ма ќе го одбележи со голема прослава во градот Хангџо, каде се наоѓа седиштето на Алибаба.

Ма во 2014 година ја формираше Џек Ма фондацијата, истакнувајќи оти за добротворната работа инспирација му е Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс.

Би можело да ве интересира

Кина ги повика странските мисии да ја отстранат пропагандата од објектите: Се мисли на украинските знамиња

Си Џинпинг ќе се сретне со шефовите на пет поранешни советски републики

Ана Ололовска

Кина гради нова база на Антарктикот, тврдат Американците

Ана Ололовска

Кина: Ниту една земја нема право да се меша во нашите односи со Русија

Макрон наводно работи со Кина на таен план за мир во Украина

Катерина Павлова-Николовска

Столтенберг: Немаме докази дека Кина им дава смртоносна помош на Русите

Ана Ололовска