Двоен бомбашки напад во Ирак, најмалку 28 загинати

Од:

Во двоен самоубиствен бомбашки напад загинаа најмалку 28, а повредени се 73 лица. Нападот беше изведен денеска на раздвижена трговска улица во срцето на Багдад, соопшти ирачката војска.

Бригадниот генерал Хазем ал-Азави, директор на оперативната команда во Багдад, за Ирачката новинска агенција (ИНА) изјави дека „двојна експлозија“ го погоди преполниот пазар во областа Баб ал-Шарџи во близина на плоштадот Тајаран.

Медицински извори за новинската агенција АФП, како што пренесува Ал Џезира, изјавија дека стравуваат дека бројот на жртвите може да се зголеми. Министерството за здравство соопшти дека мобилизирало медицински лица во главниот град за да одговорат на смртоносниот напад.

Воениот портпарол Јахја Расул изјави дека двајца бомбаши-самоубијци го активирале експлозивот додека биле гонети од припадници на безбедносните сили.

Новинарот на АФП од местото на настанот соопшти дека бомбашите нападнале огромен отворен пазар за половна облека на плоштадот Тајаран.

По повеќегодишно смртоносно секташко насилство по американската инвазија во 2003 година, самоубиствените бомбашки напади станаа релативно ретки во главниот град на Ирак. Последниот ваков напад се случи во јуни 2019 година и загинаа неколку лица.

За денешниот напад засега ниту една група не презеде одговорност, но самоубиствените напади главно ги користи терористичката Исламска држава.

Би можело да ве интересира

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад

Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Горан Наумовски