Двете починати лица во Франција имале и други болести

Од:
Во Франција од почетокот на кризата со коронавирусот, потврдени се 17 случаи, 11 се излекувани, 4 се сеуште  на болничко лекување и две лица починаа. Двете починати лица боледувале и од „други болести”.
Ова го тврди докторот Ерик Кожа, шеф на сервисот за инфективни и тропски болести во болницата Питие Салпетриер во Париз,  каде еден  шеесетгодишен Французин заразен од новиот коронавирус, почина минатата ноќ.
Специјалистот им забележува на властите дека не го смириле доволно  населението.
-Зошто здравствените власти  не кажуваат дека лицата кои умираат  во Италија имаат 80 години,  од рак и други патологии. И во Франција,  зошто, не инсистираат на фактот дека двете починати лица имаа и други  болести? Има вистински проблем  во комуникацијата, вели тој.
Според него, Ковид-19 е само  уште еден  друг  коронавирус.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано