Двесте лица трагаат по тигарот во парискиот регион

Од:

Двесте припадници на полицијата и пожарникарите трагаат и натаму по младиот тигар забележан вчера во Монтевран – во парискиот регион, јави дописникот на МИА од Париз.

Во текот на ноќта во  потрагата по тигарот беше вклучен и хеликоптер опремен со термичка камера, но барем засега тигарот останува невидлив откако вчера се поајвил на паркингот на еден супрермаркет во Монтевран, а потоа и во близина на едно игралиште за тенис.

Изутринава се забележани и идентификувани траги од тигар во близина на една бензиска станица на автопатот А4 во парискиот регион. Силите на редот се опремени со пушки со парализирачко полнење за да го неутрализираат тигарот, кој според фотографиите тежи меѓу 80 и сто килограми. Пред училиштата се преземени безбедносни мерки во случај на неочекувана средба со тигарот.

Засега нема информација од каде доаѓа побегнатиот тигар, можноста дека тој е до циркусот кој престојувал во оваа област до минатиот викенд е исклучена, бидејќи санитарната контрола не регистрирала присуство на тигар во циркусот. Се претпроставува дека станува збор за „домашно милениче“, кое му побегнало на сопственикот, кој не се осудува да го побара бидејќи држењето на овие видови животни како домашни миленици е забрането.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата

Уапсен сопственикот на Телеграм