Двесте илјади луѓе од 140 земји се пријавиле за пат до Марс без враќање

Од:

Вкупно 202.586 луѓе од 140 земји аплицирале за пат без враќање до Марс, објави групата „Марс 1“ што амбициозно најавува колонизирање на Црвената планета.

Холандскиот инженер Бас Лансдорп, кој планира да ја изгради првата база на Марс за престој на луѓе, наведува дека проектот може да биде спроведен до 2022 година, ако бидат обезбедени неопходните 6,49 милијарди долари.

Речиси секој четврти апликант е од САД, околу 10 отсто се од Индија, 6 отсто од Кина и 5 отсто се од Бразил. „Марс 1“ најави дека до 2015 година од илјадниците апликанти ќе избере десет екипи со по четири члена, кои ќе почнат интензивна обука. Првата екипа би заминала на Марс во 2023 година. Ако го преживеат седуммесечното ризично патување, пионерите ќе мора да се прилагодат да живеат во базата изградена на пустински терен, каде што температурата обично изнесува инус 55 Целзиусови степени. Освен тоа, ќе мода да живеат пред постојан надзор од камери, кои директно ќе го емитуваат нивниот живот на Земјата во телевизиско шоу, чија цел е да ги покрие средствата за нови патувања и за проширување на колонијата.

НАСА изрази сомневање дали овој проект воопшто може да се реализира, бидејќи денес не е развиена технологијата што треба да ги однесе колонизаторите до Марс и што ќе овозможи изградба на база со доволно кислорот, вода и храна. НАСА, сепак, објави дека развива план за испраќање астронаути на Марс по дваесетина години.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Со посветеност до потполна еднаквост на жените и мажите во општеството

А1он

Кина: Најдовме геометриски форми под површината на Марс

Предраг Петровиќ

Делчевските пензионери маршираа низ градските улици барајќи линеарно покачување на пензиите

(ВИДЕО) Преживување на „Марс“ во скафандер од 25кг и со „храна во прав“: Интервју со Мартина Димоска, прв аналоген астронаут од Македонија

Орце Костов

Роверот сними необични облаци на Марс

Предраг Петровиќ

Руско-европската мисија на Марс прекината поради војната во Украина

А1он