Две млади Израелки се убиени на Западниот Брег по израелските напади врз Либан

Од:

Две Израелки се убиени, а нивната мајка тешко ранета денеска во напад на окупираниот Западен Брег, по израелските воздушни напади врз Појасот Газа и јужен Либан, што придонесе за нагло зголемување на тензиите на Блискиот Исток.

Две сестри на возраст од дваесет години од еврејската населба Ефрат се убиени, а нивната мајка е тешко ранета, соопштија израелски извори.

Нападот следи по израелските воздушни напади врз Газа и Либан, во ескалација што не е забележана во израелско-либанските односи од 2006 година.

Израел соопшти дека ги гаѓал позициите на палестинското движење Хамас во Газа и Либан, како одговор на истрелувањето на десетици ракети на негова територија.

Оваа ескалација следи по насилниот упад на израелските сили во џамијата Ал Акса во Ерусалим во средата, што беше осудено од многу земји ширум светот. Хамас, кој е на власт во Појасот Газа, го осуди израелското „злосторство без преседан“ во постот за Рамазан.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските сили морале да дејствуваат за да воспостават ред откако палестинските екстремисти се забарикадирале во џамијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел