Две лица убиени во обновените протести против курдските партии во северен Ирак

Од:

Двајца демонстранти се убиени во обновените протести во северен Ирак организирани против владејачките курдски политички партии, соопштија локални официјални лица.

Британските медиуми јавуваат дека еден демонстрант е застрелан од чуварите кои го обезбедувале седиштето на Демократската партија на Курдистан, во градот Такја, западно од Сулејманија.

Вториот демонстрант бил застрелан кога курдските безбедносни сили отворија оган за да ги растераат демонстрантите во градот Сиед Садик, источно од Сулејманија, соопштија официјалните лица.

Курдските власти вчера донесоа одлука во следните 24 часа да го забранат движење меѓу Сулејманија и околните градови, во обид да го спречат ширењето на немирите. Движењето меѓу градовите околу Сулејманије, исто така, е забрането до среда на полноќ.

Курдските специјалци се распоредени внатре во Сулејманија и канцелариите на Демократската партија на Курдистан во околните градови, кои се мета на демонстрантите во последните неколку дена.

Протестите за неисплатените плати се проширија во најмалку шест градови во близина на Сулејманија, а демонстрантите ги запалија зградите во кои се наоѓаат седиштата на политичките партии и локалните самоуправи. Нивна првенствена цел се Демократската партија на Курдистан и Патриотската унија на Курдистан, кои ја контролираат областа околу Сулејманија.

Полуавтономниот ирачки регион Курдистан, како и целата земја, се погодени од кризата со пандемијата, поради која драстично се намалени приходите од нафта.

Би можело да ве интересира

Нападната е американска воена база во Ирак

Најмалку пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

ВИДЕО: Воздушен напад во Ирак, експлозии во база на проиранската милиција

Катерина Ѓуровски

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија