Две лавини во Австрија, шестмина загинати

Од:

Вкупно шест лица загинаа во две одвоени лавини во австриските Алпи, соопштија локалните власти.

Според австриските медиуми, утрово околу 9 часот и 30 минути лавината се урнала врз петмина планинари во централна Австрија. Неколку очевидци веднаш повикале брза помош, но планинарите, за кои се верува дека се од Чешка, веќе биле мртви кога спасувачите стигнале до нив.

Во југозападниот дел на Австрија полицаец, кој бил на обука на Алпите, исто така загина откако врз него паднала лавина.

Би можело да ве интересира

Србин е уапсен во Австрија за силување жена

Селекторот на Австрија отстрани тројца играчи од тимот поради хомофобија

На швајцарските Алпи исчезнаа шест скијачи, пронајдени се пет тела

Горан Наумовски

Tри борбени кучиња во Австрија убија жена, сопственичката на животните е осудена

Авганистанец е осомничен за убиството на три сексуални работнички во бордел во Виена

Горан Наумовски

За помалку од 24 часа во Виена се убиени четири жени и едно девојче