Две дози не се доволно ефикасни кај малите деца, Фајзер воведува трета доза

Од:

Компанијата Фајзер соопшти дека испитувањата покажале дека нејзината вакцина против ковид кај децата од две до пет години не го дава очекуваниот имунитет и се препорачува воведување трета доза.

Истражувањето ги дало истите резултати и кај бебиња, па и за нив како и за децата на возраст до пет години се препорачува трета доза.

„ За време на клиничкото испитување ќе биде вклучена и проценка на ефикасноста на трета доза која ќе се аплицира најмалку два месеци по втората со што би се обезбедило високо ниво на заштита кај децата на оваа возраст“ – велат од Фајзер.

Фајзер ја намали дозата која се користи кај помалите деца во однос на онаа која се аплицира кај возрасните. За лица над 12 години се користи доза од 30 микрони, за деца од пет до 11 когиди дозата е 10 микрони, а кај намладите е три микрони.

Прелиминарните испитувања дека оваа намалена доза би требало да обезбеди силен имунолошки одговор кај децата и да го намали ризикот од нис појави. Но, најновите податоци покажуваат дека овој режи на вакцинирање со намалена доза не го произведува оекуваниот имунолошки одговро кај децата од две до пет години.

„Ако студијата со три дози се покаже успешна, планираме во првата половина од 2022 година да ги доставиме сите потребни податоци до регулаторните агенции за да добиеме дозвола за итна употреба за деца од чест месеци до пет години“ – соопти компанијата.

Фајзер исто така ќе ја тестира ефикасноста на третата доза и кај деца на возраст од пет до 11 и од 12 до 15 години.

Би можело да ве интересира

Европските истражители ја презедоа истрагата за пораките на Урсула фон дер Лајен и шефот на Фајзер

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

ВИДЕО: Шест месеци Македонија вакцинира со „Фајзер“ со истечен, па продолжен рок

Маја Илиевска-Пачемска

САД ќе му платат на „Фајзер“ околу две милијарди долари за дополнителни пакувања на лекот „Паксловид“ во 2023 година

Ана Ололовска

„Фајзер“ инвестира 2,5 милијарди долари во производството на лекови во Европа

„Фајзер“ очекува 34 милијарди долари приходи од вакцините, планира зголемување на цените во САД