Две деца загинаа, а девет лица се повредени во две експлозии во Авганистан

Од:

Две деца денеска загинаа во две речиси истовремени експлозии на северот од Авганистан, во кои уште девет други лица се повредени, јавија агенциите.

До експлозиите дошло во градот Мазр и Шариф, главниот град на провинцијата Балкх, соопшти портпаролот на покраинскиот шеф на полицијата, Адил Шах Адил.

-Од детмината ранети, осуммина се цивили, а едно лице е припадник на авганистанските сили за безбедност, рече Адил.

Никој засега не ја презеде одговорноста за нападот, иако последните недели талибанците ги засилија своите напади во Балкх.

Талибанците сега држат под контрола речиси половина од територијата на Авганистан. Тие и натаму спроведуваат речиси секојдневни напади врз авганистанските и американските сили во земјата, иако со САД водат мировни преговори во Доха.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан