Две деца избодени до смрт во Бронкс, осомничена е мајката

Од:

Две момчиња на возраст од три години и 11 месеци се пронајдени во стан во предградието Бронкс во Њујорк со повеќе убодни рани на вратот и торзото и се пренесени во болница, но повредите биле премногу тешки и лекарите не можеле да ги спасат, пренесуваат американските медиуми.

Нивната 24-годишна мајка била однесена во полиција, а потоа пренесена во болница откако, како што пренесуваат медиумите, чудно се однесувала.

Мајката не е уапсена, а таткото на децата не е приведен, изјави заменик началникот на новинарите. Но, подоцна медиумите објавија дека мајката е осомничена.

Тој рече дека полицајците дејствувале откако добиле пријава за чудно однесување на една жена. На полицијата и било кажано дека жената се обидувала да ги запали работите во кујната и ја нашле во стан на третиот кат. „Таа постапуваше нерационално“, рече заменик началникот.

Според него полицајци и член на семејството се обиделе да ги реанимираат децата додека чекале брза помош, која ги однела во болница, каде што починале.

„И покрај максималните напори на полициските службеници, двете деца им подлегнаа на повредите“, рече заменикот.

Полицијата приведе лице од интерес и ја продолжува истрагата, рече тој. Дел од медиумите пишуваат дека се работи за мајката и дека таа прво ги избодела децата, а потоа се обидела да ја запали кујната.

Сосетката Шенон Холифилд во ходникот рече дека родителите на момчето се расправале претходно истиот ден. Подоцна го слушнала врискањето на таткото и го видела како ги носи двете момчиња, голи и облеани во крв низ ходникот.

„Врискаше хистерично – помогни ми! Ја отворив вратата и го видов како слегува низ ходникот со две момчиња во раце. Тие беа мртви. Насекаде имаше крв”, изјавила таа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски