Двете Чехинки, Антоние Храстецка и Хана Химпалова кои пред две години беа киднапирани во југозападната пакистанска провинција Балочистан, се ослободени и се вратија во татковината, потврди чешкиот премиер Бохуслав Соботка.
Преговорите за нивното ослободување биле потпомогнати од турската добротворна организација ИХХ, јави дописникот на МИА од Прага.
Пред неколку дена, чешкиот претседател Милош Земан изјави дека во врска со ситуацијата на киднапираните девојки е пооптимистичен.
Тие беа киднапирани во март 2013 година од припадници на Ал Каеда кога патувале преку Пакистан од Иран до Индија.