Двата куршуми во Сараево со кои започна Првата светска војна

Од:

Дваесетгодишниот Гаврило Принцип, член на организацијата „Млада Босна” на денешен ден 1914 година го изврши фаталниот атентат на австроунгарскиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата сопруга Софи.

Фердинанд во Сараево пристигнал да присуствува на свеченоста организирана по повод тргнувањето на првиот трамвај. Според планот тој требало да ги посети и австроунгарските војници во Сараево и Националниот музеј.

Гаврило ја искористил приликата додека престолонаследникот и неговата сопруга застанале пред актот на Морис Шилер и со два куршума, првиот кон Франц, а по неколку минути и кон Софи ги убил пред мноштвото сведоци.

Веднаш по нападот Гаврило бил уапсен и осуден на казна затвор затоа што бил премногу млад за смртна казна.

Примарна улога во атентатот ја одиграла српската тајна воена организација „Црна рака“, официјално основана на 10. Јуни 1910 година и позната по своите воени операции и политички убиства.

Политичката цел на атентатот била да се принуди Австро-Унгарија да се повлече од јужно-словенските територии за да се овозможи создавање на Голема Србија или Југославија.

Убиството било главниот изговор со кој тогашна Австро-Унгарија и испорачала на Србија ултиматум за да си ги осигура своите позиции на Балканот, крајно револтирана од атентатот, а на своја страна го имала и меѓународното сочувство за смртта на престолонаследникот. Србија не ги прифати овие барања, туку побарала и добила поддршка од Русија и извршила мобилизација на војската.

Австроунгарија ја нападнала Србија, по што започна Првата светска војна.

Би можело да ве интересира

Полскиот историчар Рубаха тврди: Илинденското востание го раководеле Бугари

Орце Костов

ЗИРМ: Учебникот по Историја за V одделение изобилува со погрешни информации и со неосновани констатации

Горан Наумовски

Николај Милков: Пред да влезе во ЕУ, Македонија треба да се раздели со лажните парадигми во историјата

Орце Костов

Џамбаски: Господине Османи, Гоце Делчев е Бугарин, нема две верзии на историјата

Орце Костов

Бугарски научници: Лагите на македонските историчари ќе се најдат во сите светски библиотеки

Орце Костов

Видео: „Срам и арам, ни јазикот бетон, ни историјата – во ЕУ не ќе влеземе ни за 100 години“ – експерти контра владата

Анита Петровска Рајковиќ