Двајца Срби запознале маж преку страница за запознавање, па го убиле

Од:

Српски државјани на возраст од 20 и 26 години се осомничени за убиство на маж (56) во Германија. Истражителите се сомневаат дека со жртвата се запознале преку интернет платформи за запознавање.

Злосторството се случило во Ремшајд, Северна Рајна Вестфалија, Германија.

– Жртвата користела страница која обезбедува услуги за запознавање со други мажи, а подоцна и за сексуални средби, па осомничените го искористиле тоа и го запознале. По допишување и договор дошле кај него дома – пишуваат медиумите и додаваат:

– Таа вечер осомничените прво се преправале дека всушност се сексуално заинтересирани за жртвата, но сето тоа било дел од нивниот план.

Според локалните медиуми, жртвата набрзо била убиена.

– Осомничените набргу брутално ја убиле жртвата во бањата од куќата – пишуваат тамошните медиуми.

По злосторството убијците од Србија побегнале.

– Откако ја убиле жртвата, го опустошиле целиот стан за да најдат пари и вредни предмети, при што украле мобилен телефон и паричник. Побегнале по убиството и тоа намерно – јавуваат медиумите и додаваат:

– Тие избегаа од местото на настанот во областа Ајфел прво пеш, потоа со такси, а подоцна со јавен превоз назад во Северна Рајна Вестфалија. При бегството, пријавените неколку пати се обиделе да подигнат пари од банкоматот користејќи ја украдената картичка.

Уапсените Срби, според локалните медиуми, живееле во регионот каде што го извршиле делото.

Би можело да ве интересира

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Доживотен затвор за свирепиот убиец од Кочани кој со 40 убоди уби жена

Анита Петровска Рајковиќ

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Во Стокхолм: Убиен е татко пред очите на неговиот син

Спречен терористички напад во Германија