Двајца руски војнци признаа вина за злосторства над цивили во Украина

Од:

Двајца заробени руски војници се изјаснија за виновни за гранатирање цивилни објекти во второто судење за воени злосторства откако Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари.

Александар Бобикин и Александар Иванов признаа дека како припадници на артилериската единица пукале врз цивилни цели во областа Харков од руската област Белгород. Во нападот беше уништена образовна институција во украинскиот град Дерхачи, соопштија обвинителите.

Бобикин и Иванов биле фатени откако ја преминале границата и продолжиле да пукаат во украинските населени места, соопшти канцеларијата на главниот украински обвинител.

„Јас сум целосно виновен за делото за кое сум обвинет. Пукавме во Украина од Русија“, рече Иванов, барајќи од судот да не изрекува максимална затворска казна. Се каам за своите постапки и барам од судот намалена казна“, рече Иванов.

Обвинителите побараа двајцата војници да добијат по 12 години затвор за кршење на законот за војна. Нивниот адвокат побара намалување на казната, тврдејќи дека војниците дејствувале по наредба и изразиле каење. Пресудата се очекува на 31 мај.

Би можело да ве интересира

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ

Стигна порака: „Новата американска помош нема ништо да смени во Украина“