Двајца ранети во оружeн инцидент во Ерусалим

Од:

Палестински напаѓач вечерва отвори оган врз контролен пункт на израелската армија во Ерусалим, при што тешко рани најмалку две лица.

Припадник на израелската армија и чувар се повредени, пренесе АП.

Полицијата трага по напаѓачите. Претходно денеска, израелските сили убија двајца палестински тинејџери во судирите што избија за време на нивните апсења на окупираниот Западен Брег кај Џенин, објавија претходно палестинските власти.

Израелската армија објави дека безбедносните сили биле под палестински оган за време на операцијата за апсење на напаѓачи од групата Исламски џихад.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Иран: Немаше ракетен напад, соборивме израелски беспилотни летала

Горан Наумовски

ABC News: Израелски проектили погодија локација во Иран

Нов состанок на воениот кабинет на Израел