Двајца пратеници на Мадагаскар починаа од последици на коронавирус

Од:

Двајца пратеници во Мадагаскар починаа од последици од новиот коронавирус, а најмалку 25 членови на Парламентот се инфицирани од почетокот на епидемијата во март, изјави денеска мадагаскарскиот претседател Андри Раџеолина. Тој не прецизираше кога починале пратениците, ниту пак ги именуваше.

– Почина еден пратеник. Почина еден сенатор. По тестирањето е утврдено дека се заразени 11 пратеници и 14 сенатори, наведе Раџеолина.

Тој додаде дека иако бил во контакт со заболени лица дека неговото тестирање е негативно.

Раџеолина истакна дека тој и неговото семејство пијат „Ковид органик“, растителен тоник, што беше промовиран во април на Мадагаскар, за кој се тврди дека е лек против новиот коронавирус, иако Светска здравствена организација предупреди дека не е докажана ефикасноста на пијалакот.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски