Двајца полицајци и 19 бунтовници се убиени во престрелка во Авганистан

Од:

Најмалку двајца припадници на авганистанските безбедносни служби загинаа во напад на талибански бунтовници врз контролен пункт во градот Кундуз во северозападниот дел на земјата, соопштија денеска локалните власти.

Во нападот се убиени и 19 напаѓачи.

Портпаролот на полицијата во Кундуз изјави дека нападот почнал вчера, кога е убиен еден припадник на локалната полиција.

Талибанците потоа го напуштиле градот каде во текот на ноќта имало престрелка со припадниците на безбедносните сили, при што се убиени 18 талибанци и уште еден полицаец. Во престрелката се повредени 11 екстремисти.

НАТО пред неколку дена официјално ја предаде контролата над безбедноста во Авганистан на авганистанските безбедносни служби.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан