Авион за обука на пакистанската армија се урна денеска во централната провинција Пенџаб, при што загинаа двајцата пилоти во леталото, јави ДПА.
„Пакистански тренажен авион Мушак, што беше во рутинска мисија за обука, утринава се урнаа во близина на Гујат“, се наведува во соопштението на воената служба за информирање (ИСПР).
Во соопштението не се кажива која е причината за уривањето на авионот, додава германската агенција.
Ова е петти сличен инцидент годинава, кога авион се урива за време на транажен лет.
Минатиот месец воен ловец „Ф-16“ на пакистанските воздухопловни сили (ПАФ) се урна во главниот град, при што загина пилотот кој вежбаше за годишната парада по повод 23 март. Парадата подоцна беше одложена заради ширењето на коронавирусот и карантинот што се воведе во земјата.