Двајца од тројцата заболени во Франција пристигнале на аеродром без симптоми

Од:

Двајца од тројцата Кинези во Франција на кои им е дијагностициран коронарвирус, пристигнале во Париз без симптоми на болеста, соопштија денеска лекарите во болницата каде се сместени.

Двајцата пациенти во Париз се двојка кои пристигнале во Париз на 18 јануари, но до 19, односно 23 јануари немале никакви симптоми, соопштија официјалните лица.

Трет пациент дијагностициран со оваа болест, е 48-годишен Кинез од Бордо, кој работи во француска винска индустрија, пристигнал со авион од Вухан во Холандија, а потоа и во Франција, соопшти здравствената служба на Бордо.

Француската министерка за здравство Ањес Бузин изјави дека тој пристигнал во Франција на 22 јануари, отишол на лекар на 23 јануари, а вирусот му бил дијагностициран вирус на 24 јануари.

Француското Министерство за здравство соопшти дека неколку лица се хоспитализирани заради набљудување.

Поради овие случаи, дел од медиумите го поставија прашање дали проверката на патници, што се спроведува на аеродромите, е воопшто потребна со оглед на тоа дека заразените развиле симптоми дури по пристигнувањето во земјата.

Би можело да ве интересира

Меркел и Макрон телефонски разговараа со Путин за ситуацијата во Идлиб

Ана Ололовска

Тестови за бременост без знаење на ракометарките во Франција

А1он

Макрон: Нема да дозволам ниту една земја да не храни со сепаратизам

Ана Ололовска

Борбата против даночните измами донесле 9 милијарди евра во буџетот на Франција

Ана Ололовска

Францускиот Алстом ќе го купи делот за транспорт на својот канадски ривал Бомбрдие

Ана Ололовска

Француски стогодишник прекинува со работа во општината по 74 години служба

Ана Ололовска