Двајца новинари на Ројтерс ранети во близина на Северодоњецк, возачот загинал

Од:

Двајца новинари на Ројтерс се повредени денеска при гранатирање кај Северодоњецк, источна Украина, а нивниот возач е убиен, потврди за Си-Ен-Ен портпаролот на британската агенција.

Претходно извор од Ројтерс за агенцијата Тас изјавил дека двајца новинари на агенцијата биле повредени кога украинската војска го гранатирала патот и го погодила автомобилот во кој се наоѓале.

– Мало парче шрапнел што го погоди Александар во ногата е отстрането и тој може да оди, а раката на Павел е скршена, рекол изворот, додавајќи дека и двајцата новинари се во болница во градот Рубежноје.

Портпаролот на Ројтерс изјави за Си-Ен-Ен дека повредените новинари биле во возило обезбедено од проруски сепаратисти и дека ги управувало лице задолжено за проруските сили.

– Ројтерс изразува длабоко сочувство до семејството на загинатиот возач, рече портпаролот.

Во последните неколку дена Северодоњецк во областа Луганск е место на жестоко гранатирање во борбата меѓу украинските и руските сили за контрола над тој град.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Беспилотно летало „камиказа“ разнесе воен хеликоптер во Придњестровје

(ВИДЕО) Пожар во руска рафинерија: Украинците нападнаа со дрон, има загинати

Министерство за одбрана на Русија: Уништен објект за склопување дронови во близина на Одеса

Горан Наумовски

Русија: Елиминирани се 5.962 странски платеници

НАТО: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина и да ја зајакнуваме одбраната, Русија е најголемата закана

Нападнато е седиштето на ФСБ во Белгород

Горан Наумовски